| Насловна > Што значат оценките? |
| |
|
|
| |
| |
Кои се критериумите според кои се даваат оценките. Што значи секоја оценка? |
| |

|
Изглед
- Надвор – впечаток што го остава автомобилот во однос на визуелната целина што ја формира и идентитетот кој го носи.
- Внатре – дизајн на предна конзола и целосно внатрешноста на автомобилот. Се оценува изгледот, не и материјалите.

Возни својства
- Управливост – прецизност на управувачот и ниво на повратна информација од патот кон возачот.
- Стабилност – држење на автомобилот на пат, во различни услови на возење. Се оценуваат подуправливост или преуправливост на автомобилот, зависно од соодносот на посакуваната и добиената линија на движење при нагли маневри. во услови на поекстремно возење.
- Перформанси – перформанси на основните мотори – забрзување и максимална брзина, според податоците од производителот, но и во реални услови на возење.
- Возна динамика – динамика при возење (не перформанси). Се оценува колку автомобилот е подготвен за агилност, за нагло менување на правец и избегнување на препреки, но и должината на патот на сопирање .
- Менувач – прецизност и леснотијата со која се менуваат степените на пренос, како и должината на одот на палката за менување степени на пренос.

Комфор
- Удобност – способнос на автомобилот да ги впие сите нерамнини од подлогата и да не ги пренесе до патниците внатре во кабината.
- Простор
- Напред – простор на предните две седишта (колена, рамена, глава)
- Назад – простор на задната клупа (колена, рамена, глава)
- Багажник – зафатнина на багажникот, изразена во литри
- Ергономија – поставеност на воланот, менувачот и педалите, како и достапноста и поставеноста на најчесто користенит команди – заклима уредот, радиото и патниот компјутер
- Звучна изолација – звук од моторот, ветерот и гумите, поединечно
- Прегледност – Прегледност напред и назад, но и големина и поставеност на ретровизорите.
- Впечаток за квалитет, материјали и завршна обработка – впечаток за квалитет на изглед и на допир, вистински квалитет на вградените материјали и ниво на завршна обработка.
- Практичност – колку работи се вградени во служба на сопственикот – број и големина на фиоки во внатрешноста, простор за одлагање на ситници, спуштање илизгање на задната клупа итн.

Вредност
|
|
|
| |
|
|
| |
| Реклама |
|
| |
| |
| Реклама |
|
| |
| |
| |
 |
Вашиот виртуелен пријател
Наједноставно, koli.com.mk може да го замислите го како ваш нов, виртуелен пријател, кој e полн со информаци за автомобилите, па може да ви помогне. Единствено што треба да направите е да го прашате, тој ќе ви одговори. А, може да го прашате за:
- конкретен автомобил или
- одредена сума која ја имате на располагање, па тој ќе ви каже кои автомобили се достапни за таа сума, или
- конкретни марки на автомобили или конкретни тип на мотор или
- било каков поспецифициран избор на марка, модел, цена, мотор, ниво на опрема...
Системот зa пребарување е истовремено полн со функционалности, и едноставен за користење. За само неколку клика вие виртуелно се наоѓате во сите салони во Македонија истовремено и гледате што има на понуда. А, може и да направите директна споредба помеѓу два или повеќе автомобили. Сега, се ви е на дофат. Само имајте желба и пари за автомобил!

Сигурно подобар, поубав, постабилен, пообемен... и пофункционален, Да, пофункционален. Тоа е идејата.
Koli.com.mk V2 e направен е да ви служи вам – кога купувате или продавате автомобили кога или кога не сте сигурни како да постапите во одредена ситуација, па ви е потребна помош.
Сите модели на автомобили кои се продаваат во Македонија сега Ви се достапни на само неколку клика. Цени на автомобилите, ниво на опрема, фотографии, кратки и супер тестови, новости, оценки за автомобилите, предности и недостатоци, видео-материјали... Дури и официјалните ценовници на автоимпортериите. Се е тука, се во прилог на заштеда на вашето време и подобра одлука при набавка на автомобил. |
|
|
Одберете друг автомобил |
|
|
|
|
|
|
|