|
General Motors планира во блиска иднина да ја искористи целата површина на ветробранското стакло, како еден вид на платно, а истото да служи за информирање на возачот и патникот.
Како е тоа можно? Американските дизајнери се здружија заедно да го претстават концептот HUD (head-up displey). Во основа, системот користи целосна палета на сензори и камера за собирање на информациите од околината, за да му ги претстават истите на возачот на ветробранското стакло.
Сеуште не ви е јасно? Еве еден мал пример... Кога се возите во услови на мала видливост поради магла, дожд или мрак, системот ќе ги обележи краевите на патот или со помош на инфрацрвена камери ќе ги истакне пешаците кои го преминуваат патот или животните.
Сите овие информации ќе бидат видливи на ветробранското стакло, а со тоа возачот нема да има потреба да го оттргне погледот од патот. Системот исто така може да работи и во комбинација со навигацискиот систем со што возењето би било уште посигурно.
Оваа нова технологија, која на прв поглед ви изгледа премногу sci-fi, би можела да се појави веќе во 2016 година.
|