|
Освен што новиот XJ го поткрева имиџот и престижот на Jaguar, моделот дефинитивно најавува враќање на голема сцена. Предниот дел на автомобилот влече корени од досегашните модели на Jaguar, но мора да се напомене дека големо изненадување претставува задниот дел на XJ кој го отфрла традиционалниот Jaguar стил. Новиот XJ е долг 5,12 метри и има меѓуоскино растојание од 3 метри.
.jpg)
Во минатото XJ од секогаш бил внимателен кога станува збор за еволуција во однос на претходниот модел. Но сега, новите трендови бараат враќање на моделот од првата генерација од 1986 години, но во модерна интерпретација. Во секој поглед е различен од осмата генерација, бидејќи класичната линија која потсетува на досегашните XJ автомобили, ја нема кај овој модел.
Она на што цели Jaguar е привлекувањето на нови клиенти, но и задржување на постоечките. Тоа е неопходно да се постигне доколку се сака да се постигнат плановите за зголемување на продажбата од 10%. Несомнено е дека Jaguar е традиционална марка која има голема иднина.
.jpg)
Jaguar XJ доаѓа со понуда од 3.0 - литарскиот V6 дизелски twin-turbo мотор со моќност од 275 КС, како и два 5.0 - литарски V8 бензински мотор кој генерира 385 КС и истиот мотор со компресот кој располага со 510 КС. Сите мотори доаѓаат во комбинација со автоматски менувач со 6 степени на пренос. V6 дизел моделот е на располагање со четири различни пакети на опрема со цена од 103 702 до 146 907 евра.
Бензинската варијанта е во комбинација со 2 нивоа на опрема, а првата чини 134 300 евра, додека пак Supersport V8 компресор верзијата изнесува 195 256 евра.
XJ покрај лимузинската изведба има и купе верзија. Ентериерот како што доликува е врвно изведен со прецизна и квалитетна завршна обработка и користење на луксузни квалитетни материјали.
Вистинско луксузно доживување...
|