|
Покрај новите модели кои ја воодушевија светската јавност, Citroen ја претстави и својата нова технологија со која ќе ги прави Citroen автомобилите уште попривлечни и пооригинални од другите.
Слоганот Creative Technologie на Citroen, се преведува со сосема нови иновативни услуги. Дозволете ни да ви ги претставиме новините кај францускиот производител...
eTouch - асистенција зад управувачот
Целата нова гама на Citroen која ќе биде понудена на европскиот пазар ќе биде опремена со eTouch системот. За што всушност станува збор? Станува збор за услуги кои опфаќаат повикување на помош на пат и локализирана асистенција, кои се на располагање со вградена SIM картичка и виртуелна сервисна книшка. Исто така, се нуди и услугата ecodriving која сега е достапна преку интернет.
За повиците оваа новина во Citroen возилата (eTouch) функционира целосно независно. Системот е опремен со модул GPS и SIM картичка за која не е потребна претплата. Зад управувачот има две команди кои се на располагање. Првата е SOS за итни повици, а повикот може да се оствари и автоматски при настанување на удар. Втората команда е Double Chevrons која служи за повикување на асистенција.
Двете услуги му се достапни бесплатно на возачот, 24 часа на ден, кога и да му притреба.
WiFi on board - подвижен интернет
Citroen нуди интернет конекција во своите возила со помош на WiFi on board системот кој им овозможува на патниците целосна употреба на интернет за време на нивните патувања. Овој систем ќе се продава како дополнителна опрема и без претплата, нуди безжична конекција која функционира со карта SIM 3G/3G+.
Едноставно вклучете го вашиот пренослив компјутер или вашиот мобилен телефон и сурфајте на интернет додека патување.
Екологијата станува примарна цел на Citroen
Многу години наназад, францускиот производител се залага за намалување на потрошувачката на гориво и ефектот на стаклена градина. Citroen е несомнено меѓу првите производители на автомобили кои се грижи за заштита на животната средина.
Па така, само една третина од комцеријалните возила на Citroen испуштаа максимум 120 гр/км CO2. 42% од нив испуштаа најмногу 130 гр/км CO2. Новиот DS3 и претходникот C3, нудат верзии кои испуштаа само 99 гр/км CO2.
Овие бројки погоре се очекуваат да се намалат оваа година со генерализирање на системот Stop&Start од втората генерација од 2010, а во 2011 се очекува лансирање на целосно хибридно возило, односно новиот DS5.
Французите нудат возила од гамата кои гарантираат висок степен на заштита на околината. Citroen го придава еколошкиот симбол Airdream на неговите најеколошки модели.
|