|
XD е компактен мал автомобил кој е долг 2800 мм, широк 1700 мм и висок 1600 мм. Тежок е 1100 килограми а ќе располага со 106 КС моќниот електро мотор кој силата ја црпи од 30 kwh батерија. Според најавите, малиот XD треба до стотка да забрзува за 7,7 секунди а максималната брзина да изнесува 130 км/ч. Со едно полнење на батеријата кое трае од 6 до 8 часа, овој автомобил е способен да помине од 200 до 250 километри.
.jpg)
Во план е и понуда на електромагнетни амортизери и погон на сите тркала, а ABS и ESP доаѓаат во стандардната опрема.
Се ова би звучело одлично, но овој концепт е приложен во Женева како платформа на привлекување на спонзори. Дали еден ден ќе видиме сериско производство на малиот XD, останува да видиме...
|