|
Најбрзиот GT е придвижен од моќниот SV12 R битурбо ботор кој генерира 800 КС. Монструозниот мотор нуди и пеколни перформанси. До стотка забрзува за 3,7 секунди, до двеста за само 9,9 а до триста за 23,9 секунди. Електронската блокажа постои, и таа се вклучува на 350 км/ч, но без неа GT изведбата на Mercedes E-класа достигнува до максимални 370 км/ч.
.jpg)
5,5 - литарскиот мотор на E-класата е зголемен на 6,3 литри зафатнина. Потполно е променета и целосната електроника во автомобилот, а за преност на силата од моќниот мотор користен е засилен автоматски менувач со 5 степени на пренос. Додатна спортска димензија на ремек делото на Brabus е и вградувањето на спортски издувен систем од некородирачки челик. Во целта за подобрување на аеродинамиката, но и подобрување на естетскиот изглед, вграден е не толку дискретен карбонски body kit во кој доаѓаат и LED дневни светла и атрактивните 19 инчни фелни во црна боја.
За да го имате овој автомобил во вашата гаража, потребно е да одвоите 478 000 евра.
|