|
Wind ќе се нуди исклучиво со метален покрив, и тоа најбрзиот во светот – ќе може да се склопува за само 12 секунди! Згора на тоа, истиот нема да зафаќа простор во багажникот, кој независно од тоа дали ќе се вози со ветар во косите или не, ќе брои солидни 270 литри.
.jpg)
Заради помалите димензии, Wind ќе биде наменет пред се за градски услови, односно за летен шопинг преку ден. Моторизацијата ќе биде иста како на Twingo, со тоа што би требало да бидат исфрлени основните мотори.
Продажбата на Wind, нормално почнува на лето, со засега непознати цени. Сепак, Renault најавува конкурентност на Peugeot 207 CC и Nissan Micra C+C, па не треба да се очекува истите да бидат многу високи.
|