|
Одлично завршената работа во дизајнирањето, се гледа пред се преку агресивната предна маска и страничната купе линија, кои прават Sportage да изгледа дури и спортски. Компактниот SUV на Kia ја дели платформата со Hyundai ix35, од кого ќе ги позајми и моторите, составени од 1.7 и 2.0 литарските дизелаши и од 1,6 и 2,0 литарските бензинци.
.jpg)
Споредено со претходникот, Sportage порасна во сите димензии, што ветува поголем простор во внатрешноста. Kia ветува и поквалитетен ентериер, но и подобри возни својства.
За повеќе информации, ќе треба да почекаме до салонот во Женева, кога Sportage ќе ја доживее светската премиера.
|