|
Изведбата ST доаѓа како освежување во гамата на Ibiza, која досега беше составена од моделите со три и пет врати. Измените во споредба со помалите модели се пред се во димензиите – Ibiza ST е долга цели 4.320 mm. Затоа, сега багажникот брои респектабилни 430 литри – доволни да задоволат едно четиричлено семејство.
.jpg)
Однадвор, разликите се однесуваат пред се на дизајнот на задниот дел, кој во големо потсетува на караваните на Audi.
Моторизацијата ќе остане иста, со главен акцент на новиот 1.2 TSI турбо бензинец со 105 КС и новиот 1.6 TDI дизел со 90, односно 105 КС. Вкупно во понудата ќе има три бензински и три дизелски мотори.
|