|
Флуиден спортист со електричен мотор – i-MIEV Sport Air
i-MIEV Sport ќе биде всушност спортска изведба на истоимениот автомобил кој е плод на соработката на Mitsubishi и Peugeot. Во однос на тој модел, ќе биде ставен посилен мотор, а ќе биде вграден и стаклен покрив кој ќе може да се извади. За што поголема автономија, вградени ќе бидат соларни плочи за полнење на батериите, кои сега ќе бидат литиум – јонски.
Интересен е дизајнот на ова возило, во форма на капка. Вака се постигнува одлична аеродинамика (капката е најаеродинамичната форма во природата) и модерен, флуиден изглед. Со електричниот мотор со сила од 60 kW, i-MIEV Sport ќе може да помине 180 km со едно полнење, при тоа овозможувајќи солидни перформанси, на рамниште на еден 1,8 литарски бензинец.
Colt Cleartec троши само 5 литри со 1,3 литарскиот бензинец со 95 КС
Еклошката верзија на Colt, наречена Cleartec, ќе се нуди само со бензинските мотори. Во верзијата со 1,3 литарскиот бензинец со 95 КС, со помош на системот Stop&Start, ќе троши ниски 5 литри на 100 km. Вградени ќе бидат и еколошки пневматици, а моторот ќе го подмачкува масло со помала вискозност. Новитет кај Stop&Start системот на Colt е што тој нема да се гасне секогаш, односно на тоа ќе влијаат повеќе фактори, како на пример дали возачот го врти управувачот (знаеме колку е тешко да се заврти серво управувач со изгасната мотор), колку има притисок во кочниците, температурата на моторот итн.
|