Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема!
 
Spodeli
16 ноември 2010, 13:30



Започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема!  Започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема!
МВР ги информираше граѓаните дека во периодот од 15 ноември до 15 март идната година, задолжително треба да се поседува пропишаната зимска опрема при учество во во сообраќај надвор од населено место....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Според членот 11 т.е. “Правилникот за задолжителна опрема на возилото” од МВР истакнуваат и дека прецизно е наведена зимската опрема која секоја категорија на возила треба да ја поседува во наведениот период.
 
Според Правилникот:
Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg претставува:
- Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4mm или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4mm да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.
 
Задолжителна зимска опрема на моторни возила со погон на сите тркала (4x4) претставува:
- Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6mm или летни пневматици со минимална длабочина од 4mm, доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога возилото има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон. 
 
Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg претставува:
- Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6mm или доколку возилото има летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4mm, да поседува синџири за снег соодветни на големината на пневматиците.
- Автобусите и товарните возила кои неможат да постават синџири на тркалата задолжително треба да поседуваат зимски пневматици на погонските тркала како и прирачен алат.
 
Според Правилникот, зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „М&S“ како и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Исто така според Правилникот, во патниот сообраќај не се поставуваат пневматици со клинци.
 
Униформираните полициски службеници можат да наредат на возачите кои не се придржуваат на пропишаните законски норми, да го прекинат натамошното движење на возилото, доколку на патот има знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема, како и во случај кога нема таков знак, но условите на патот не овозможуваат безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
 
Од МВР апелираат граѓаните да постапуваат во согласност со пропишаните законски норми, секако, во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
 





Стари коментари
Tolku ni se pismeni nasive dzandari, sto pred nekoj mesec na moj drugar mu napisale kazna za nenosenje na lanci iako ima 4 novi zimski gumi.
Напишан од Jana  пред  околу 44 месеци
ok e zakonot samo retko koj ima 4 mm na zimski gumi,kaj nas gi vozat do 1 mm sto e krajno opasno za letno vreme a kamo li za zima vo sekoj slucaj kolku e podlaboka sarata na gumata tolku e podobar akvaplaningot i kolata nema da igra valcer po pat :)))
Напишан од ma4or4e BMW  пред  околу 48 месеци
ZAKONOT E OK AMA KAJ BAS JA NAJDOVTE OVA KOLA DA JA STAVATE ZA PRIMER KOGA BUKVALNO AMA IC NE JA BIDUVA ZA ZIMSKI USLOVI A ZA PO SNEG DA NE PRAJME MUABET CUDO EDEN OD NAJAKITE BRENDA NA DENESNICAVA AMA NIKAKO DA GO NAPRAVAT ZA ZIMA I ZA NA SNEG CUDO GI IMAM IMANO DVE BMW I 3 I 5 NE MRDAT OD MESTO NA ZIMA PO SNEG ZALOSNO NO VISTINITO ZA ZAL TOA E HAHHAHA KAKO JA POGODIVTE BAS OVA DA JA STAVITE
Напишан од T  пред  околу 48 месеци
Konecno eden zakon koj bi trebalo da gi namali soobrakajnite nesreki, zosto vo ovaa luda drzava sto se napolni so krsovi od 2-3000 kubika i besni masini i so stari izlizani gumi da ne znaes od koja strana da se pazis.Vo ova vreme za site e znacajna stapka 200-300 evra.Samo toj sto ne vozel zimski gumi vo zima ne moze da znae kolku se pobezbedni vo site zimski uslovi.Eve jas veke 2 godini vozam najevtina zimska guma Tigar i razlikata vo vozenje megu letna i zimska guma e drasticna.
Напишан од Saso  пред  околу 48 месеци
Јасно е како бел ден. Ако имаш 4 зимски гуми не треба да поседуваш ланци - ни во населено место ни надвор од населено место. Ако гумите ти се летни мора да поседуваш во гепек ланци за погонските тркала и тоа само надвор од населено место. Доколку шарата е помала од пропишаната (4 мм) во секој случај го кршиш законот без разлика дали поседуваш ланци.
Напишан од ZZ TOP  пред  околу 48 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 





Реклама

Одберете нов автомобил
 
 
Реклама