Првата работа што паѓа на ум е удобноста. Бидејќи е наменет за патници, Caddy Life е неверојатно тврд и прилично ги пренесува ударите во внатрешноста. Ова особено доаѓа до израз кога е натоварен (во товарната верзија секако). Да, простор во внатрешноста има на претек, а и материјалите се на повисоко ниво отколку кај конкурентите, но ние ги немаме мазните германски авто патишта, па затоа француските конкуренти се апсолутно подобар избор за нашиот пазар.
Иако тврд, Caddy нема добри возни својства и се однесува пред се како товарен автомобил. Вистинска пофалба за моторизацијата. Сите мотори нудат одлични перформанси и ниска потрошувачка, посебно силните и издржливи дизели. За пофалба е и целокупната изведба – Caddy е издржлив и робусен автомобил.
Но, повисокиот квалитет во VW дебело се наплаќа. Цената на Caddy е многу повисока од таа на конкурентите, а може да навлезе и во сегментот на моноволумените ако се побара побогата опрема!