Новиот Partner направи квантен скок во една повисока класа. Модерниот дизајн, бескрајниот простор во внатрешноста и супериорната практичност, го исфрлаат Partner во преден план, пред се за фамилијарните луѓе, иако основната намена на ова возило е да биде мултифункционално.
Кабината на Французинот е извонредно пространа. И на предната и на задната клупа има простор и за кошаркари, а има и многу места за одлагање на ситниците. Удобни се и седиштата, а во возење Partner едноставно плива по патот, пеглајќи ги сите поголеми и помали нерамнини. Вистински крстосувач за подолги патувања!
Но, Partner не го може само тоа. Тој може и да натовари многу багаж и да им заврши одлична работа и на фирмите, кај кои повеќе работници треба да отидат на терен, а притоа треба да понесат и многу алат или товар со себе. Некако, бесконечни се можностите со внатрешноста на Partner. Во однос на конкуренцијата (Renault Kangoo, Fiat Doblo, VW Caddy), Partner-то има и најголем волумен (3,7 литри) и најголема дозволена тежина за товарење (850 kg).
Секако, има една работа каде ниту еден мултифункционален автомобил не е вистински добар. Возните својства не се на највисоко ниво, управувањето не е директно, а менувачите имаат долги одови и се малку непрецизни. Препорака во однос се секако познатите HDI мотори, заради ниската потрошувачка, но и високиот вртежен момент, дури и кај дизел изведбата со 75КС.
Кога е практичноста во прашање, има една работа која особено го издвојува од конкуренцијата. Во просторот помеѓу предните 2 седишта сместен е пластичен дел, прилично голем, кој без никаков проблем може комплетно да се извади, да се однесе дома, да се наполни и да се врати на своето место во автомобилот. Зборуваме за функционалност. На сите ни е потребна.