Механички, убавата Германка ќе ги задоволи и најпребирливите. Германски цврстото подвозје нуди добар компромис меѓу удобноста и перформансите - Corsa е стабилна во свиоците, лесна е за управување, но не е на ниво на најдобрите модели во класата. Удобноста е за пофалба – само поголемите дупки се пренесуваат во внатрешноста, а моторите се тивки и при поголеми брзини.
Главните недостатоци се однесуваат на внатрешноста, каде нема толку простор колку што навестуваат надворешните димензии. Не е тесно, но многу конкуренти од класата нудат повеќе простор, посебно на задната клупа. Од друга страна, на возачот сигурно би му пречеле непрецизните менувачи, кои веќе подолго време се болка на моделите од оваа компанија.
Кога е во прашање квалитетот на автомобилот, целосно гледано, во Corsa се употребени квалитетни материјали (пластиката не разочарува на допир, седиштата се облечени во фина ткаенина), но на некои места во внатрешноста затаена е завршната обработка, која се уште не е на ниво на јапонските или најдобрите европски модели.
Основните 1,0 и 1,2 бензиски мотори се економични, но се летаргични и троми. Многу подобар избор се 1,3 литарските дизели позајмени од Fiat, кои и во двете изведби од 75 и 90 КС нудат многу подобри перформанси, влечат и од пониски вртежи, а се во врвот на класата кога е во прашање потрошувачката.
Opel Corsa е погодна пред се за помладите купувачи, кои сакаат модерен и доверлив автомобил, а кои не се премногу заинтересирани за брзо и енергично возење. Удобното и тивко возење може да ги привлече и фамилијарните луѓе, со напомена дека има конкуренти со далеку пофункционална и покомфорна внатрешност.