дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Suzuki > Suzuki SX4 > Краток опис за моделот
Suzuki SX4 Suzuki SX4
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 9990
веќе од 166 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,5
Изглед
3,5
Перформанси
6
Возна динамика
4,7
Зад управувачот
5,7
Удобност
4
Простор и практичност
5
Квалитет и доверливост
6,5
Цена/Опрема
6,5
Трошоци за користење
7,3
Безбедност и сигурност
5,5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Екстремно способен

Во времиња кога теренците стануваат само тренди и шминкерски возила, SX4 се наметнува како вистински авантурист, кој доследно се држи до она што еден SUV автомобил го прави поразличен од обичниот, а тоа е способноста за возење и надвор од патот.


Стандардниот бензинец, воедно и единствен мотор кој се вградува во SX4, со 120 КС и 156 Nm, извлечени од 1,6 литарска зафатнина, задоволува во речиси сите услови во кои ќе се вози малиот теренец. Изненадувачки е еластичен и повлекува од ниските вртежи, иако за убаво да загризе бара да биде завртен до црвеното поле. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 11,5 секунди (10,7 за моделот со погон на предни тркала), додека максималната брзина изнесува 175 km/h (185km/h).

Одлично е и подвозјето – SX4 вози исклучително стабилно, а тоа особено важи за моделот со погон на сите четири тркала, кај кој скоро и да не постои подуправливост, односно вози како по шини. SX4 е најспособен во класата и на терен, а одличното, прецизно управување и безгрешниот менувач, дополнително придонесуваат SX4 да биде највозачкиот автомобил во класата. Исто така, и покрај тоа што не е мек (го вознемируваат поголемите дупки), јапонскиот мини SUV не е ниту неудобен, а и звучната изолација е солидна, па и подолгите патувања не заморуваат.

Кабината, и покрај малите димензии, е исклучително пространа и без проблем ќе смести четири возрасни патници. Сепак, багажникот брои само 270 литри, што е најмалку во класата и е минус во однос на практичноста. Положбата зад управувачот, благодарение на високото седење, е речиси идеална, а сите команди се лесно читливи, на дофат на рацете и лесни за користење. Токму високото седење овозможува и одлична прегледност околу автомобилот, за што помагаат и големите ретровизори кои го олеснуваат паркирањето.

Она што го прави најисплатлив, покрај извонредната способност на пат и надвор од него, е цената – SX4 е рамо до рамо со Dacia Duster... Всушност, извонредно богатата опрема, го прави јапонскиот ас модел со најдобар сооднос на вложено – добиено во класата!

А романскиот SUV секако не може да го победи SX4 кога се патните трошоци во прашање – јапонскиот бензинец е исклучително штедлив! Троши 8,2 литри во град, односно 6 на отворено и тоа за моделот со погон на сите тркала (плус половина литар ако се вклучи погонот)! Згора на тоа, високото ниво на механичка рафинираност и завршна обработка, ветуваат долговечност како кај ниту еден конкурент во класата. Пребирливите можеби ќе забележат на тврдата пластика во внатрешноста, но самата изработка прави во возење тоа скоро и да не се забележува.

Дека поевтиното не мора да биде и помалку квалитетно и полошо, најдобро покажува Suzuki SX4. Навидум шминкерскиот теренец од Јапонија, овозможува неверојатно висока забава во возењето, било на асфалт или надвор од него, сигурно како ниту еден друг автомобил од неговата класа! Згора на тоа, има пространа и практична кабина, и е доволно удобен за подолги патувања. Накратко, висока препорака за авантуристите и за оние кои навистина уживаат да бидат зад воланот.

ПРЕДНОСТИ
• Извонредни возни својства на асфалт
• Одличен на терен
• Прецизно управување, прецизен менувач
• Солидна удобност
• Еластичен бензинец
• Пространа кабина
• Квалитет во изработката
• Богата опрема
• Ниска цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Мал багажник (270 литри)
• Тврда пластика во внатрешноста
• Предниот А столб ја ограничува видливоста


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Suzuki SX4  

pozz me interesira ako se zema na lizing ratata e 183 evra mesecno dali znae nekoj kolku e ucestvo ?
Напишан од sx4  пред  околу 33 месеци
sepak vredi da se ima 4WD vozilo, epten se pokaza na snegov.
Напишан од sale  пред  околу 33 месеци
mnogu dobar avtomobil osobeno za nasive patista i ulici,ekonomicen i komforen.
Напишан од sveto  пред  околу 35 месеци
OStavete go ovoj ljupco idiot neviden se mu e skapo za odrzuvanje i ne cini osven hitlerskiot volkswagen...
Напишан од Ostavi go  пред  околу 37 месеци
abe ljupco dali si ti normalen,kupi konj i samo mu davaj treva mnoguuu e eftin za odrzuvanje...ccc kakov idiot
Напишан од top gun  пред  околу 38 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Suzuki SX4
 
Suzuki SX4
9990 - 14690
Dacia Duster
 
Dacia Duster
9240 - 15940
Nissan Juke
 
Nissan Juke
15500 - 26690
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV - мали
 
Dacia Duster9240 €
Daihatsu Terios17570 €
KIA Soul14900 €
MINI Countryman20900 €
Nissan Juke15500 €
Opel Mokka18130 €
Peugeot 200814330 €
Renault Captur13950 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Suzuki

www.mirkat.com.mk

Импортер за Македонија
Миркат

Тел: 02 / 3089 - 089

Адр: Скупи br1.

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


Реклама
 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 



Реклама

Други Suzuki модели
SX4 S-Cross Alto
Celerio Grand Vitara - 2013
Jimny Splash
Swift Swift Sport - 2012
SX4 Vitara - 2015

Реклама
Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook