Да, просторот во внатрешноста е на највисоко ниво. Простор има и за колената и за главата, било дали се работи за предните или задните седишта. Багажникот има голема зафатнина, а за повеќе простор, задната клупа може да се лизга напред назад. Внатре владее и извонреден мир, и тоа не само поради тивките мотори. Прекрасниот дизајн на предната конзола и грижливо дизајнираните детали, придонесуваат за пријатното чувство на патниците. За повеќе воздух се грижат и големите стаклени површини, а за повеќе светлина и чувство за простор, големите стаклени површини. Перфектно.
Во внатрешноста може да се најдат некои ситни маани. Рачната кочница е поставена премногу ниско, особено доколку се спуштени наслоните за рака, а таблата со инструменти е богата со податоци, што некогаш знае подолго да го тргне погледот од патот. На возачот нема да му се допадне ниту менувачот, кој не е доволно прецизен.
Сепак, во француски автомобил патниците се оние кои го имаат главниот збор. Удобноста е на највисоко ниво, најдобра во класата. И моторите се извонредно придушени, а седиштата се удобни како домашни фотелји. Вистински Citroen–ови манири во возењето. Да, возните својства не се најдобри во класата, но C3 Picasso се однесува безбедно и предвидливо, што е од голема важност за семејствата.
Прекрасниот моноволумен на Citroen не доаѓа по многу висока цена, барем не ако не почне да се доплаќа за привлечната дополнителна опрема за луксуз и безбедност. Тогаш, C3 Picasso може да стане конкурент и на автомобил од средната класа!
За сите кои сакаат убав автомобил, а притоа не сакаат да загубат на просторот, функционалноста и економичноста, одличен избор е C3 Picasso. Малиот уметник е единствениот кој го спојува неспоивото – одличен семеен автомобил, со прекрасен дизајн. Дефинитивно за сите генерации!