Со оглед на димензиите, Qubo е извонредно простран автомобил. Има простор за пет патници и за многу багаж, а од надвор мери само 3,96 метри, што е помалку од едно Punto на пример. Патниците нема да се жалат ниту на удобноста, бидејќи малиот Италијанец меко ги впива нерамнините.
Секако, возните својства, особено при повисоки брзини не се совршени, но тоа не е ни целта на овој автомобил. Поради малите димензии и малата маса, тој е управлив во градски услови, лесно се протнува, добро забрзува и добро кочи. На паркинзи, Qubo лесно се паркира, што е уште еден голем плус за овој автомобил.
Сите мотори кои се нудат со Qubo, се на самиот врв од класата кога е во прашање економичноста, посебно малиот 1,3 дизел, кој добро потегнува од ниски вртежи и е идеален за градски услови.
За разлика од скапите мали моноволумени, Qubo е наменет за оние кои сакаат многу простор и функционалност, по достапна цена... Пред се за сите љубители на патувањата, но и за оние кои сакаат комфор во мало пакување, поволно за низ град. Ултра пространата и практична каросерија, заедно со високото ниво на удобност овозможуваат неповторливи патувања. Дополнителен плус се и малите димензии, поради кои паркирањето во урбаните средини е брзо и лесно.