Форум koli.com.mk  

Оди назад   Форум koli.com.mk > Сервис > Одржување

Реплика
 
Алатки за тема Прикажи модови
Старо 03-12-2011, 15:09   #1
plake
Професионален возач
 
Аватарот на plake
 
Зачленет: Dec 2010
Мислења: 701
plake има доста солидна репутацијаplake има доста солидна репутацијаplake има доста солидна репутацијаplake има доста солидна репутацијаplake има доста солидна репутацијаplake има доста солидна репутацијаplake има доста солидна репутацијаplake има доста солидна репутацијаplake има доста солидна репутација
Зададено Девет златни правила за штедење на горивото

Девет златни правила за штедење на горивото





Во овие времиња кога горивата достигнуваат цена од 1,3 евра за литар гориво, штедливото возење се наметнува како единствена можност за редуцирање на трошоците за секојдневниот сообраќај, која е колку-толку прифатлива.

Најголемата предност на оваа техника на штедливо користење на автомобилот ќе ја добиете со тоа што ќе станете штедлив возач и ќе го продолжите векот на траење на моторот, со што индиректно ќе профитирате и на тој начин ќе ја сочувате нервозата.

1. Внимавајте на брзината со која возите
Ако сакате да заштедите на гориво, потрудете се да возите помалку од ограничувањата на брзината. Пример, наместо 130 км/ч, на автопат возете 100 км/ч. Наместо 80 км/ч, возете 60 км/ч. Каде ограничувањето е определено да се вози 60 км/ч, возете 50 км/ч.

2. Бидете смирени во текот на возењето
Внимавајте на наглите реакции. Одржувајте растојание во однос на возилото кое се наоѓа пред вас, односно постепено забрзувајте и кочете. Доколку поседувате, користете го темпоматот за да ја одржавате брзината константна, односно вртежите на моторот на околу 2.000 вртежи кај дизелашите и 2.500 кај бензинците.

3. Аеродинамика
Ако имате кровни носачи кои не ги користите, отстранете ги. Возете се со отворени прозори, но затворете ги ако возите со брзина над 50 км/ч. Колку е вашиот автомобил повеќе аеродинамичен, ќе троши помалку гориво.

4. Помала тежина, помалку гориво
Полесните автомобили трошат помалку, затоа исфрлете ги од вашето возило непотребните предмети и опремата која не планирате да ја користите.

5. Притисок во гумите
Кога последен пат го проверивте притисокот го гумите? Покрај тоа што е несигурно, возењето со пневматици кои се со понизок притисок придонесува да се зголеми потрошувачката на гориво. Податоците за притисок на гумите се различни за секој модел на возило. На поновите возила, препорачаните вредности може да се најдат на внатрешната страна од вратата кај возачот.

6. Пропишано одржување
Автомобилот кој не е уредно одржуван троши повеќе гориво. Редовно менувајте ги потрошните делови на автомобилот.

7. Изгасете го моторот кога чекате на семафори
Доколку има застој во сообраќајот, сте во колона или на семафори подолго од една минута, изгасете го моторот. Ќе ви се исплати.

8. Исклучете ја климата
Користењето на уредите за климатизација, зависно од оптеретувањето на системот, ќе ве кошта и повеќе од пола литар гориво на сто километри. Користете обична вентилација.

9. Следете ја потрошувачката на гориво
Најдобар мотиватор се постигнатите резултати. За да ги сознаете резултатите од вашата техника за штедење, при секоја прилика кога го полните резервоарот, ресетирајте го бројчаникот за километри. На тој начин најдобро ќе знаете колку километри повеќе сте поминале со новостекнатите вештини.
__________________
Loading...
plake е офлајн   Одговор со цитат
Sponsored Links
Старо 04-29-2011, 13:56   #2
admin
Administrator
 
Аватарот на admin
 
Зачленет: Dec 2009
Мислења: 1,455
admin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутација
Зададено

Ford со EcoMode не учи да возиме штедливо

Постоjаниот раст на цената на нафтата ги тера луѓето да бараат економичен начин на возење. Сепак, нема потреба да ги оставите клучевите од автомобилот дома и да се борите со јавниот превоз, пред се благодарение на посветеноста на Ford кон создавањето автомобили кои се особено економични.
Најновата генерација дизел мотори на Ford Duratorq TDCi задржува големо ниво на економичност. Mondeo-то во кое е вграден новиот 200 KS силниот 2,2-литарски Duratorq TDCi има потрошувачка од 6,0 л/100 км, а испушта 159 г/км CO2. Тоа се импресивни податоци за автомобил кој забрзува од 0-100 км/час за 8,1 секунди и постигнува максимална брзина од 230 км/час.

За оние кои бараат уште поголема заштеда, Fiesta ECOnetic е идеална. Со 1.6 TDCi моторот нуди комбинирана потрошувачка на гориво од само 3,6 л/100 км. Со особено ниска емисија на CO2, Fiesta ECOnetic е максимално штедлива.

EcoMode е достапен кај се поголем број на Ford возила, а на возачите им овозможува да водат сметка колку е економичен нивниот стил на возење. Софтверскиот систем користи алгоритми развиени врз база на техниката еко-возење за да им помогне на возачите да постигнат максимална економична потрошувачка на гориво во реалниот свет.
Возите ефикасно, порано менувајте ги степените, избегнувајте го непотребното кочење, намалете ја брзината и EcoMode ќе ве награди. На инструмент таблата има три цвета со пет латици и еден претставува однесувањето при менување на брзините, другиот колку „нежно“ се вози, а третиот е брзината.

Доколку возите економично, латиците на цветот се палат. Колку поштедливо возите, толку повеќе латици светат. Возачите кои ќе освојат повеќе од 75 отсто ќе добијат графички приказа ECO возач. Доколку постигнете 95 отсто, ќе бидете обележан за ECO првак.

EcoMode е предвиден за возачите кои сакаат го менуваат однесувањето на возење, а со тоа да заштедат и до 40 отсто.


idividi.com.mk
__________________
admin е офлајн   Одговор со цитат
Старо 05-03-2011, 14:18   #3
Обичен
Тест Возач
 
Аватарот на Обичен
 
Зачленет: Jan 2011
Мислења: 93
Обичен ќе стане популарен наскороОбичен ќе стане популарен наскоро
Зададено

Оваа ми личи на компјутерска игра, после освојување на сите цветови одиме на ново ниво...Super Mario Ford.
Треба ли да се вози внимателно и безбедно или треба да се собираат цветчиња во некаква квази компјутерска игра?
Што нема да измислат од маркетингот ццц.
Обичен е офлајн   Одговор со цитат
Старо 07-07-2011, 12:11   #4
admin
Administrator
 
Аватарот на admin
 
Зачленет: Dec 2009
Мислења: 1,455
admin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутацијаadmin има доста солидна репутација
Зададено

Сопствениците на новиот Chevtolet Cruze '12 може да се одмараат знаејќи дека инженерите кои работат на возилото, развија широк спектар на технологии за заштеда на гориво.
Една од тие технологии е забавувањето на потрошувачка на гориво (DFCO). Додека возилото е во фаза забавување, горивото автоматски се исклучува кај напредниот Екотек мотор. Кога возачот почнува со забрзување, моторот автоматски повторно го уклучува протокот на гориво. Ова е процес кој возачот и патниците не можат да го забележат.
Придобивки: Заштедата на гориво се зголемува до 2%, во зависност од условите на возење.
Технологијата е применлива кај Cruze моделите без разлика дали се со автоматски или мануелен менувач.


__________________
admin е офлајн   Одговор со цитат
Старо 07-07-2011, 13:28   #5
Master Jedi
Возач почетник
 
Зачленет: Jan 2010
Возраст: 29
Мислења: 19
Master Jedi е сеуште без репутација
Зададено

Луѓе, сите мотори со внатрешно согорување, од кога постојат, не трошат гориво при моторно кочење, бидејќи тркалата, кои при забавување се вртат по инерција, го вртат моторот. Ова го има во секоја книга за мотори, ако има тука некои што учеле тоа сигурно треба да го знаат. Плус, проверете на борд компјутерот - оставете ја колата на пр. во 4-та брзина и отпуштете гас - ќе покажува 0 литри на 100 km.
Master Jedi е офлајн   Одговор со цитат
Старо 07-07-2011, 14:13   #6
AUDI
Професионален возач
 
Аватарот на AUDI
 
Зачленет: Jan 2010
Возраст: 28
Мислења: 384
AUDI е на позитивна репутација
Зададено

Цитат:
Напишано од Master Jedi Види го мислењето
Луѓе, сите мотори со внатрешно согорување, од кога постојат, не трошат гориво при моторно кочење, бидејќи тркалата, кои при забавување се вртат по инерција, го вртат моторот. Ова го има во секоја книга за мотори, ако има тука некои што учеле тоа сигурно треба да го знаат. Плус, проверете на борд компјутерот - оставете ја колата на пр. во 4-та брзина и отпуштете гас - ќе покажува 0 литри на 100 km.
Za boldiranoto,trosat isto kolku i koga e voziloto vo miruvanje bez pritisnata pedala za gas,znaci voziloto sekogas trosi gorivo koga e motorot e vklucen.A za ovoj sistem na cruze podrazbiram deka koga pedalata za zabrzuvanje ke se odzeme,dovodot za gorivo se prekinuva 100%,poinaku ne bi mozelo da se zasdedi gorivo.A za bordot,pa toj koga voziloto e vo miruvanje pokazuva 0 potrosuvacka,a motorot raboti,po tvoja logika i koga voziloto e vo miruvanje a e vklucen motorot ne trosi gorivo a??

p.s ke izvinete za ovoj font,nesto komp. mi e pobrkan
__________________
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!


1 http://www.youtube.com/watch?v=Ke2G4Uy2k9U


2 http://www.youtube.com/watch?v=ZNOmaaoShi8
AUDI е офлајн   Одговор со цитат
Старо 07-07-2011, 14:46   #7
Master Jedi
Возач почетник
 
Зачленет: Jan 2010
Возраст: 29
Мислења: 19
Master Jedi е сеуште без репутација
Зададено

Цитат:
Напишано од AUDI Види го мислењето
Za boldiranoto,trosat isto kolku i koga e voziloto vo miruvanje bez pritisnata pedala za gas,znaci voziloto sekogas trosi gorivo koga e motorot e vklucen.A za ovoj sistem na cruze podrazbiram deka koga pedalata za zabrzuvanje ke se odzeme,dovodot za gorivo se prekinuva 100%,poinaku ne bi mozelo da se zasdedi gorivo.A za bordot,pa toj koga voziloto e vo miruvanje pokazuva 0 potrosuvacka,a motorot raboti,po tvoja logika i koga voziloto e vo miruvanje a e vklucen motorot ne trosi gorivo a??

p.s ke izvinete za ovoj font,nesto komp. mi e pobrkan
Значи новите борд компјутери покажуваат колку се троши и на саат, а колата троши кога е во место. Размисли малце, кога забавува колата, тркалата вртат сами по инерција и преку целата трансмисија го вртат моторот, па нема потреба од трошење гориво. Еве, ако имаш автомобил со борд компјутер, вози да речеме 90 km/h и пушти ја во лер, ќе покажува околу 2 литри (зависи од колата), после пак вози 90 и стави ја во некоја брзина и отпушти педала за гас, ќе покажува 0. Земи и некоја книга за мотори прочитај ќе видиш дека сум во право. Значи сум го учел ова, не го зборам на памет

П.С. Кај нас фонтот ти е ок

П.П.С. Моето искуство кажува дека напротив, борд компјутерот покажува мноооогу кога моторот работи во мести, бидејќи троши гориво а колата не се движи
Master Jedi е офлајн   Одговор со цитат
Старо 07-07-2011, 14:50   #8
Dzish
бабарога
 
Аватарот на Dzish
 
Зачленет: Oct 2010
Локација: Најчесто дома... освен ко ќе сум излезен.
Мислења: 1,304
Dzish има доволна репутацијаDzish има доволна репутацијаDzish има доволна репутација
Зададено

Цитат:
Напишано од Master Jedi Види го мислењето
Луѓе, сите мотори со внатрешно согорување, од кога постојат, не трошат гориво при моторно кочење.
Цитат:
Напишано од AUDI Види го мислењето
Za boldiranoto,trosat isto kolku i koga e voziloto vo miruvanje bez pritisnata pedala za gas,znaci voziloto sekogas trosi gorivo koga e motorot e vklucen.
И едниот и другиот сте во грешка...
Master Jedi - Возилото кога е во моторно кочење троши гориво. Дефинитивно.

AUDI - трошат многу повеќе од тоа... бидејќи во мирување (лер) возилото право 900 вртежи во минута, и да речиме дека троши 1 литар на час (или некој просек да земиме дека троши 1 литар од 100 км виртуелно). Истото тоа пуштено на удолнина, ќе се врти најмалку 3 пати повеќе. Количеството на вбризгано гориво во моторот по палење на цилиндар е исто, ама вртежите не се. Така да ако се врти 2 пати повеќе (1800 втрежи) автоматски согореното гориво се дуплира. Така имаш потрошувачка од 2 литри на час (или виртуелните 2 литри на 100 км).

Е сега исто е или не е?

Цитат:
Напишано од Master Jedi Види го мислењето
Значи новите борд компјутери покажуваат колку се троши и на саат, а колата троши кога е во место. Размисли малце, кога забавува колата, тркалата вртат сами по инерција и преку целата трансмисија го вртат моторот, па нема потреба од трошење гориво. Еве, ако имаш автомобил со борд компјутер, вози да речеме 90 km/h и пушти ја во лер, ќе покажува околу 2 литри (зависи од колата), после пак вози 90 и стави ја во некоја брзина и отпушти педала за гас, ќе покажува 0. Земи и некоја книга за мотори прочитај ќе видиш дека сум во право. Значи сум го учел ова, не го зборам на памет
Сето ова е ок, само неможи да се изведи без запирање на горивото. Така да тоа возило што покажува 0 на удолнина со отпуштена гас го има системот. Ако GM го немаше, време беше да го инсталира.
__________________



Life is like a coin. You can spend it any way you wish, but you only spend it once.
Dzish е офлајн   Одговор со цитат
Старо 07-07-2011, 14:51   #9
bozhinovski
The Special One
 
Аватарот на bozhinovski
 
Зачленет: Dec 2010
Локација: Сарамзалино
Возраст: 31
Мислења: 1,388
bozhinovski има перфектна репутацијаbozhinovski има перфектна репутацијаbozhinovski има перфектна репутацијаbozhinovski има перфектна репутацијаbozhinovski има перфектна репутацијаbozhinovski има перфектна репутацијаbozhinovski има перфектна репутацијаbozhinovski има перфектна репутацијаbozhinovski има перфектна репутацијаbozhinovski има перфектна репутацијаbozhinovski има перфектна репутација
Зададено

Цитат:
Напишано од Master Jedi Види го мислењето
Луѓе, сите мотори со внатрешно согорување, од кога постојат, не трошат гориво при моторно кочење, бидејќи тркалата, кои при забавување се вртат по инерција, го вртат моторот. Ова го има во секоја книга за мотори, ако има тука некои што учеле тоа сигурно треба да го знаат. Плус, проверете на борд компјутерот - оставете ја колата на пр. во 4-та брзина и отпуштете гас - ќе покажува 0 литри на 100 km.
Еве ја незнам па објасни ми - Што се дешава со радилицата како е слободна она ? У тој случај на уздолница да ја оставам колата у брзина ќе почне надоле да иде сама Покажува 0.0 на борд затоа што е многу мало количеството на гориво што поминува низ бризгалките така што не се регистрира протокот, а не дека не троши. Можно е да не троши само на автоматски менувач каде што е сосема поинаку решен мењачот
__________________
Си беше еднаш....
bozhinovski е офлајн   Одговор со цитат
Старо 07-07-2011, 14:57   #10
Master Jedi
Возач почетник
 
Зачленет: Jan 2010
Возраст: 29
Мислења: 19
Master Jedi е сеуште без репутација
Зададено

http://en.wikipedia.org/wiki/Fuel_ec..._.28braking.29

Еве линк, причитајте Во coasting or gliding пишува дека моторот не троши гориво бидејќи го вртат тркалата „While coasting with the engine running and the transmission in gear, most cars' engine control unit with fuel injection will cut off fuel supply, and the engine will continue running, being driven by the wheels“. Ова важи за сите мотори со вбризгување, а како што знам и за помодерни мотори со карбуратор (некаде на почеток на 90-ти). Значи нема потреба од гориво во моторот кога тркалата веќе го вртат! Или пак се троши мнооооогу малку, односно незначително гориво
Master Jedi е офлајн   Одговор со цитат
Реплика

Алатки за тема
Прикажи модови

Правила на пишување
Тине можеш да поставуваш нови теми
Тине можешда реплицираш
Ти неможеш да оставаш додатоци
Ти не можешда ги едитираш своите мислења

BB code is вклучен/и
Смешковците се вклучен/и
[IMG] кодот е вклучен/и
HTML кодот е Исклучен

Скокни до форум

Слични теми
Тема Темата ја започнал Форум Одговори Последно мислење
Шевролет Спарк или Даеву Матиз Lancerka Половни автомобили 13 08-31-2011 14:26
Даеву Тико 0,8 37кс ice tiko Гаража 16 05-08-2011 22:39


Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 10:15.


Овозможено од vBulletin® Version 3.8.4
Copyright ©2000 - 2014, Jelsoft Enterprises Ltd.